ВИДЕО: Јаховиќ стрелец за својот Гезтепе, по натпреварот го замоли судијата Чакир за еден подарок

Адис Јаховиќ денеска беше стрелец за својот Гезтепе, во победата над Касимпаша нагости со 1:2.

Јаховиќ го постигна првиот гол за својата екипа, во 67 минута, кога изедначи на 1:1, за по натпреварот да добие интересен подарок.

Имено, македонскиот репрезентативец како поклон ги добил картоните на судијата Чакир, односно ги побарал за неговиот син.

Сигурно ќе се израдува кога ќе одам дома, тој го сака Чакир како судија“, порача Јаховиќ.