ВИДЕО: Ја доби МВП наградата и ја даде најемотивната изјава по финалето со Аргентина

МВП играчот на Светското првенство во кошарка, Рики Рубио, по добиената награда, на пресконференцијата по мечот, даде една доста емотивна изјава.

Рубио одигра одлично финале, впишувајки 20 поени, а по мечот ја доби заслужената награда како најкорисен играч.

Но на пресконференцијата имаше емотивна изјава.

Ја загубив мајками пред три години. Таа беше зад мене и секој ден ме туркаше напред. Знам дека не постои на овој свет некој кој ме сакаше повеќе од неа. Таа се уште ме подига секој ден. Дури и кога не е тука, ја чувствувам како да е тука“, истакна Рубио.