(ВИДЕО) Италијанска ренесанса: Аѕурите втори со пласман на Европското првенство

Откако го пропуштија Мундијалот во Русија, Италијанците направија реорганизација во својата репрезентација и тоа брзо даде резултат.

Во квалификациите за континенталниот шампионат, аѕурите имаат мамсимален ефект, 21 бод на седум натпревари со неверојатна гол-разлика 20-3. Ја совладаа Грција на домашен терен со 2-0 и се втора селекција, по Белгија што обезбеди пласман на Европското првенство.

Стрелци на головите беа Жоржињо од пенал во 63. и Бернардески во 78. минута. До крајот на квалификациите им остануваат три натпревари на кои можат да калкулираат, да се подготвуваат за шампионатот идната година или да се обидат да завршат со 10/10.