(ВИДЕО) Историскиот гол на Сагосен со кој го помина Кире Лазаров

Рекордите постојат за да се рушат, затоа не треба да ни биде криво поради тоа што Сандер Сагосен го урна рекордот на Кире Лазаров остварен на Европското првенство во Србија пред осум години.

Норвежанецот од денеска е играчот со најмногу голови реализирани на еден континентален шампионат иако до него стигна со повеќе натпревари од македонската ракометна легенда.

Голот број 62 го постигна од седум метри на почетокот од дуелот за третото место против Словенија. Двајцата беа израмнети уште вчера, на Сагосен денеска му требаше барем еден погодок, а постигна четири.