(ВИДЕО) Историски пресврт на Атланта: Губеа со 30 поени, на крајот победија!

Кошаркарите на Атланта хокс направија спектакуларен пресврт против најдобриот тим во лигата, Бостон селтикс славејќи победа со 122:120, и покрај тоа што во еден период имаа негатива од 30 поени.

Бостон селтикс во натпреварот влегоа со серија од девет победи, односно со 20 победи на последните 22 натпревари.

На четири и пол минути до полувремето Селтикс водеа со 68:38, кога Атланта го почна неверојатниот пресврт. Ова е најголемиот кам-бек на Хокс од сезоната 1997/1998, кога НБА почна да води детална статистика.

Поените за победа ги постигна Диандре Хантер на девет секунди до крајот на натпреварот. Бекот на Хокс постигна тројка, а мечот го заврши со 24 поени.

Брилијантен натпревар одигра и српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ (22 поени), кој сериозно ја истакнува кандидатурата за најдобар шести играч во лигата.

Кај Селтикс Џејсон Тејтум постигна 37 поени.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО