(ВИДЕО) Истанбул и пеналите – магичната формула на Ливерпул

Како и пред 14 години, Ливерпул повторно триумфираше во едно европско натпреварување во најголемиот турски град Истанбул.

Тогаш го победи Милан во финалето од Лигата на шампионите, а сега славеше против Челси во Суперкупот на УЕФА. Резултатот не беше ист, сега 2-2, тогаш 3-3, но ист е начинот на кој „црвените“ дојдоа до пехарот – на пенали.

По 90 минути игра беше 1-1 по головите на Жиру и Мане. Во 95. минута повторно погоди Мане, но од пенал беше сигурен Жоржињо и го постави конечниот резултат. Во пенал-серијата трагичар беше Абрахам чиј удар го одбрани Адријан иако претходно Кепа процени два шута на фудбалерите на Ливерпул, но за малку не успеа да ги одбрани.

Ова е четврти триумф на Ливерпул во Суперкупот на УЕФА и со тоа се израмни со Реал Мадрид. Повеќе од нив имаат само Барселона и Милан.