(ВИДЕО) Испиша историја, па отворањето на шампањ го принуди да се откаже од трката

Биниам Гирмај од Еритреја влезе во историјата како првиот велосипедист со темна кожа кој победил на етапа на голема трка.

Тој ја освои 10-тата етапа на Џиро д’Италија во вторникот, но потоа мораше да се откаже од трката поради бизарна несреќа за време на прославите што го снашле.

Несреќниот велосипедист додека отварал шампањ го удрила плута во окото. Тој веднаш беше префрлен во болница и потоа беше објавено дека мора да го прекине учеството на трката.

“Бев прилично тажен поради тоа што се случи со шампањот и моите тимски колеги беа исплашени. Не ја започнав трката денес бидејќи на моето око му треба пауза. Во моментов сум добро и ви благодарам на сите за поддршката”, изјави Гирмеј.

Докторот на тимот Пиет Данелс изјави дека Гирмеј има повреда на левото око и дека донеле одлука да го прекинат учеството на познатата трка за да нема сериозни последици.

Прославата на Гирмаја на неговото деби чинеше доста, но тој покажа дека многу ќе се слуша за него во наредните години.