(ВИДЕО) Интересна сцена на Монца: И зајкот е побрз од тебе

Возбудувањата во Формула 1 продолжуваат викендов.

На програмата е италијанското ГП на легендарната патека Монца.

Веќе видовме интересни сцени во квалификациите, во коja во главна улога беше возачот на Вилијамс, Николас Латифи.

Во еден круг, зајак истрча пред Латифи. Бидејќи Канаѓанецот излегуваше од кривина, немаше добар агол, па задоцни со сопирачката. Сепак, зајакот беше побрз и за влакно избега пред автомобилот на Вилијамс.

Вилијамс има еден од најслабите автомобили во караванот оваа сезона, па фановите ја искористија оваа прилика да се забавуваат. „И зајакот е побрз од тебе“, беше еден од коментарите.

Патем, Монца се наоѓа во Националниот парк, така што има многу животни околу патеката, така што ова не е првпат да се случуваат слични работи.