(ВИДЕО) Интер го остави Милан без ЛШ: Пандев и Џенова остануваат во Серија А

Екипата на Интер со многу мака или многу повеќе среќа успеа да се избори за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

„Нераѕурите“ цел меч се мачеа со Емоли, за да во 51. минута Кеита погоди за 1-0. Десет минути подоцна Икарди промаши пенал, па казната брзо стигна откако гостите во 76. минута израмнија преку Траоре.

Во 81. минута Наигола стрелаше за ново водство од 2-1, а во 90. минута Емоли погоди пречка за да во следниот напад Интер го постави конечниот резултат на мечот од 3-1 преку Брозовиќ.

Па така Емоли е тимот кој се сели во Серија Б, додека Џенова на нашиот Горан Пандев со ремито кај Фиорентина се спаси од испаѓање.

Во ЛШ оди и Аталанта која славеше кај Сасуоло со 3-1, додека победата на Милан кај  СПАЛ од 2-3 беше пирова.