ВИДЕО: Интер, ете затоа Јунајтед ви го шитна „второкласниот“

Ромелу Лукаку вечерва можеше повторно да биде херој на Интер, тој сезонава е фантастичен за „сино-црните“ во Серија А, но вечерва имаше ситуација во која се посрамоти.

Освен што го постигна голот, тој можеше да направи комплетен пресврт против Барселона, но успеа некако да прокоцка зицер пред голот на Барселона.

Вечерва на социјалните мрежи можат да се видат коментари од типот, ете зошто им беше продаден Ромелу Лукаку на Интер, дека сепак е лимитиран голгетер, кој знае да стрела константно, но во големи натпревари знае да утне баш кога најмалку е потребно.