(ВИДЕО) Интер е главен во Милано, ама и во Италија

Еуфоријата во сино-црниот дел на Милано е пуштена на максимум, еден месец по почетокот на новата сезона во Серија А.

Интер не знае за кикс во домашното првенство, а вечерва тотално го надигра, дури и го понижи својот градски ривал Милан. На крајот беше 2-0, но победата можеше да биде изразена со уште некој гол ако не беа грешките во првото полувреме.

Резултатот го отвори Брозовиќ во 49. минута, а го затвори Лукаку во 78. Во првото полувреме Дамброзио промаши празен гол од 3-4 метри, на нераѕурите им беше поништен гол поради офсајд, а во вториот дел по еднаш беше погодена стативата и пречката од голот на Милан.

По четири одиграни натпревари од новата сезона Интер останува единствена екипа со максимален ефект – 12 бода, а го доби и првото големо дерби од Серија А.