(ВИДЕО) Иниеста 2009 = Ланѕини 2020!

Големите љубители на фудбалот денеска сигурно имаа дежа-ви, за време на натпреварот меѓу Тотенхем и Вест Хем.

„Чеканите“ дојдоа до бод во судиското продолжение, односно во 96. минута откако Ланѕини со проектил од околу 25 метри ја затресе мрежата на Спарс за израмнување на 3-3 што беше големо изненадување ако се знае дека домашниот тим по само 16 минути игра имаше 3-0.

Голот на Ланѕини многу потсети на нешто што се случи пред 11 години, на неколку километри од местото каде што вечерва играа Тотенхем и Вест Хем. На Стемфорд Бриџ, во 2009 година, во последните моменти од регуларниот дел, многу сличен гол постигна Андрес Иниеста во дресот на Барселона, против Челси, во реванш дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

https://www.youtube.com/watch?v=arI6X7gBu-Q

Целата акција многу потсетуваше на оваа на Вест Хем, несигурна интервенција на домаќините, додавање од соиграч на Ланѕини од неколку метри и проектил кој заврши во левиот горен агол од голот на ривалот.