(ВИДЕО) Имало бетар и од нас: Општа тепачка помеѓу ракометарите на Војводина и Партизан

На првиот натпревар од финалето на ракометниот шампионат на Србија меѓу Војводина и Партизан дојде до тепачка поради која играта накратко беше прекината.

Инцидентот се случи при крајот на првото полувреме при резултат 12:6 за екипата на Војводина, по прекршокот врз ракометарот на домаќините.

Можеше да се претпостави дека тоа ќе се случи бидејќи тензијата беше на високо ниво од почетокот на натпреварот.

По кус договор, судиите исклучија двајца играчи на Партизан и Војводина.

За жал ваквите сцени се гледаат и на нашите терени. Во минатото на дуелите Металург – Вардар, а во поново време Е. Пелистер – Вардар.