(ВИДЕО) Има 41 година и десет килограми плус, но и понатаму е фудбалски магионичар

За многу љубители на фудбалот, Роналдињо е еден од најдобрите фудбалери што се појавиле во изминатите неколку децении.

Овој Бразилец ги помина најдобрите денови од својата кариера во дресот на Барселона со кој успеа да освои скоро се што можеше, а после тоа се посвети на некои други работи во животот.

Роналдињо исто така успеа да го освои Мундијалот со репрезентацијата на Бразил и имаше навистина фантастична кариера.

Сепак, откако ја напушти Барселона летото 2008 година, тој веќе не играше на нивото како порано, но сепак ги воодушеви сите оние кои ја следат најважната работа на светот со своите потези.

Тој официјално ја заврши својата кариера на почетокот на 2018 година, но неговиот последен клуб беше Флуминенсе, од каде замина две години порано. Беше речено дека ќе се врати во фудбалот, но во јануари 2018 година, тој објави крај на кариерата.

Роналдињо сега најмногу го гледаат во добротворни цели или во ревијални натпревари, а таков меч одиграа легендите на Барселона и Реал Мадрид пред неколку дена во Тел Авив.

Кралевите на крајот победија со 3-2, но легендарните играчи на овие клубови ги воодушевија сите со своите потези.

Во центарот на вниманието беше особено Роналдињо, кој сè уште ја има истата магија кога е на теренот. Иако сега има 41 година и има десет килограми прекумерна тежина, тој сепак е вистински волшебник со топка.

Се појави и видео од неговите најдобри потези кои предизвикаа носталгија кај навивачите на Барселона, но и сите оние кои го сакаа овој спорт токму поради Роналдињо.