ВИДЕО – Иџе сподели моќно видео: За татковината, за сограѓаните, за хероите!

Најдобриот автомобилист од Македонија, Игор Стефановски Иџе, денеска попладне низ улиците на Скопје возеше во чест на сите здравствени работници, полицијата и армијата, за хероите на нацијата како што ги нарече.

Иако во време на полициски час, на неколку пункта низ Скопје имаше раздвиженоста за македонскиот автомобилист, кој со развиорено знаме придонесе за емоции кај неговите фанови и луѓето кои живеат низ околните згради од каде Иџе минуваше.

Еве како изгледаше денешниот перформанс на Иџе од дрон кадар…