Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе на спектакуларен начин ја прослави новата титула европски првак во ридско брзинска конкуренција.
На трката во Бузет, тој беше најдобар и на двете возења од последната трка, па со севкупно време од 5:13,189 ја однесе победата пред Италијанецот Антонио Миџиоли кој заостанат 3,683 секунди. За Стефановски тоа беше седма сезонска победа од десетте трки во сезоната и сосема заслужено со 229 бода се радува на титулата.
Прославата на титулата беше исто толку спектакуларна како нејзиното освојување. Со запалени факели, нашиот автомобилист ги поздрави своите фанови, а кулминација на настанот беше моментот кога во стил на Новак Ѓоковиќ „ја спушти слушалката“.