ВИДЕО – Иџе го сподели моментот: Сум имал безброј жестоки битки, но ова…

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски, Иџе, денеска не успеа да ја заврши трката на патеката во Монца, во рамки на ТЦР шампионатот, откако имаше излетување, по претходна колезија со противнички автомобил.

Стефановски во целата мешаница излета на тревнатиот дел, по што тоа значително му го отежна патот до стабилизирање на контролата на возилото, па заврши во заштитните бариери, по што го оштети возилото.

По натпреварот, тој се јави на социјалните мрежи со анализа за ситуацијата:

Сум имал дуели на стаза и тоа доста жестоки и тоа е дел од играта, но ова, ова не се простува!“, порача Игор Стефановски.