(ВИДЕО) Ибрахимовиќ го чекаше Ноле да му честита

Новак Ѓоковиќ имаше многу фанови на трибините во арената во Торино, а еден од нив беше и шведскиот репрезентативец со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ.

Двајцата одамна се пријатели, но фудбалерот на Милан ја искористи можноста вечерва лично да му честита на Ноле за големиот успех.

Го почека во поттрибинскиот простор, а потоа двајцата се прегрнаа и се фотографираа со освоениот пехар.