(ВИДЕО) Ибра и Миха го запалија Сан Ремо!

Двајцата талентирани фудбалери покажаа дека и музичката сцена не им е непозната и дека можат да направат спектакл.

На третата вечер на фестивалот Сан Ремо, Синиша Михајловиќ и Златан Ибрахимовиќ го изведоа италијанскиот хит Io Vagabundo, стар половина век, а перформансот ги оправда очекувањата.

Во разговор со водителот, Синиша Михајловиќ рече дека е елегантен како Џејмс Бонд, дека му е Златан голем пријател, но дека од него се разликува по тоа што тој ја освоил Лигата на шампионите.