41 годишниот Златан Ибрахимовиќ и по повлекувањето од фудбалот, не престанува да тренира и да биде хипер активен, а околу тоа за каков „ѕвер“ станува збор, покажува видеото кое го објави на социјалните мрежи.
Ибра одработи стој на раце, односно серија на склекови со двете раце, со што потврди во каква неверојатна телесна форма и сила се наоѓа, без оглед на годините во кои се наоѓа.
Швеѓанецот е голем миленик и на боречките вештини, кои своевремено ги тренираше, па затоа и не треба да не чуди неговата физичка подготвеност.
Тој уште пред 25 годни стана сопственик на црн појас во Таеквондо, нешто кое тој знае да каже дека му помогнало во постигнувањето на спектакуларни голови во кариерата.
41 años, retirado del fútbol y Zlatan Ibrahimovic sigue demostrando que tiene un nivel físico ÚNICO. pic.twitter.com/7tno754PYN
— SportsCenter (@SC_ESPN) July 13, 2023