ВИДЕО: Хумелс двоен стрелец против Арминија, Баерн сигурен кај Келн

Ефикасно попладне во Бундес лигата на пет натпревари од 15:30 часот.

Борусија Дортмунд успеа да ги освои бодовите на гостувањето кај Арминија Билефилд, со двата гола на Матс Хумелс. Гостинска победа оствари исто така и Баерн со 1:2, а стрелци на головите за баварскиот клуб беа Томас Милер и Сержи Гнабри.

Ајнтрахт Франкфурт одигра 1:1 на домашен терен против Вердер Бремен, додека Аугсбург беше сигурен против Мајнц со 3:1.

Денеска се игра уште и натпреварот од 18:30 часот помеѓу екипите на Борусија Менхенгладбах и Лајпциг, гостите ќе мора да победат доколку сакаат да го вратат лидерското место на табелата откако денеска Борусија Дортмунд и Баерн Минхен го запоседнаа.