(ВИДЕО) Хрватот избегна трагедија во последен миг откако пред него се појави човек

Филип Зубчиќ, моментално најдобриот алпски скијач од Хрватска денес имаше голема среќа за време на трката во италијанска Алта Бадиа.

Зубчиќ во последен миг избегна огромна трагедија во второто возење од велеслаломот откако во финишот пред него истрча човек.

Имено додека Зубчиќ ја минуваше целта, пред него се најде човек од организацијата, што го извади народно кажано од контрола.

Следеа низа навреди и пцовки упатени кон него, а од устата на Хрватот можеше да се слушне:

„Па е*емти мат*р во пич*а“.

На крај Зубчиќ заврши на 10. место со една секунда задоцнување зад победникот Хенрик Критшоферсен.