(ВИДЕО) Храброст или лудост: Пет илјади навивачи на меч од Евролигата!

Литванија на дневно во просек има заразени околу 150 лица дневно во последните денови. И во оваа земја е забележано нагло зголемување на заразени со Ковид-19 во последните недели, а нов скок допрва се очекува.

Но, тоа воопшто не ги грижи, па во соработка со Евролигата, властите во Литванија му дозволија на Жалгирис да пушти навивачи во својата арена на денешниот натпревар со Ефес. На крајот, во салата беа дури 5.011 навивач!

Очигледно тоа им помогна на домашните кошаркари кои славеа со 89:73. Кога станува збор за навивачите, а од она што можеме да го видиме на видеото, изгледа дека Литванците се исклучително дисциплинирани кога станува збор за придржување кон мерките, па сите на трибините носеа маски, речиси без исклучок.