ВИДЕО: Храбриот потег на Димитријевиќ за победа на Хувентуд!

Нено Димитријевиќ има се позапазена минутажа во дресот на Хувентуд, а тој тоа најдобро го оправдува на терен.

Синоќа во рамките на Еврокупот, Хувентуд го сруши тимот на Нантер (79:77), а кошот кој Ненад Димитријевиќ го погоди на неколку секунди пред крајот на мечот, се покажа како клучен за победата.

Смелиот влез во рекет против целокупната одбрана на Нантер, покажа дека Димитријевиќ и тоа како има храброст да влезе во дуел и да постигне фантастични поени за неговата екипа и да реши натпревар.