(ВИДЕО) Хорор во соседна Србија на авто трка со Југовци: Еден загинат, еден спасен во последен момент

За само два дена на патеката „Берановац“ кај Краљево, во саботата и неделата, се случија два сериозни инциденти во кои, за жал, животот го загуби еден возач.

Станува збор за Владимир Шекуларац (38) кој во неделата удри директно во браникот поради неприлагодена брзина во кривината и почина како резултат на повредите по приемот во болницата.

Видеото од моменто на стравичниот удар може да го погледнете ТУКА.

Друг сериозен инцидент се случил само еден ден порано, кога на стазата се судриле три автомобили, а од снимките се гледа вистинскиот обем на несреќата и опасноста во која се нашол возачот на запалениот југ.

Во овој инцидент направена е само голема материјална штета на три автомобили, и за среќа нема повредени возачи откако беше реагирано во последен момент.

Како изгледаше инцидентот и спасувањето може да видите ТУКА.