(ВИДЕО) Хорор на хокеј: Играч колабираше среде натпревар во НХЛ

Натпреварот меѓу Сент Луис Блус и Анахајм Дакс во НХЛ беше прекинат, а потоа и откажан откако играчот на домашната екипа Џеј Боумистер колабираше на средината од првата третина.

„На 7:50 минути пред крајот на првиот период, Боумистер доживеа кардио проблеми и колабираше на клупата. Благодарение на брзата реакција на медицинскиот тим, лекарите на Анахајм и другите беше избегната трагедија, а Џеј брзо стабилизиран“, објави генералниот менаџер на Сент Луис, Даг Армстронг по натпреварот.

Боумистер за кратко време, на носилки беше однесен во соблекувалната, а натпреварот прекинат и одложен на неодредено време. Хокејарот ја игра својата 17. сезона во НХЛ и осма во дресот на Блус. Има 36 години и до овој меч низа од 737 натпревари во низа на кои играл што е една од најдолгите серии во историјата на НХЛ. Оваа сезона уште не пропуштил ниеден натпревар.