ВИДЕО: Хит на социјалните мрежи – најубавиот и најспонтан кош далеку од очите на јавноста

Сигурносните камери во едно основно училиште во Охајо, снимиле неверојатен момент на тамошниот економ или „домар“ на спортскиот центар, Џое Орианс, кој постигнува фантастичен кош.

Орианс и неговото видео станаа вирален хит на социјалните мрежи, по што директорот на тоа училиште, решил да го сподели видео материјалот со медиумите.

Исто така добро како кошот од далечина беше и спонтаната реакција на домарот и начинот на кој го слави кошот пред празни трибини во моменти кога учениците не се во сала.