(ВИДЕО) Хезоња го посрамоти Адетокумбо, па Гркот му се закани дека ќе го истепа

Јанис Адетокумбо е доминантна сила во светската кошарка и како таков никогаш не дозволува да се најде во подредена положба. Секогаш сака да биде творец на брутални забувања, „постери“ и генерално ситуации кои неговите противници ќе ги паметат долго. Синоќа тој беше тој кој почувствува како е да се биде на другата страна.

Мечот меѓу Њујорк и Милвоки нема да се споменува само поради тоа што Никси славеа по продолжение (136:134), туку и поради тоа што го направи Марио Хезоња во воведните минути. Хрватскиот репрезентативец успеа да го однесе Адетокумбо до крајните краници на нервоза по забивањето кое дојде во центарот на сите спортски прегледи.

Хезоња успеа да го осуети обидот на Бледсо да го проигра Мидлтон, ја украде топката и потоа силно тргна во контра. Успеа да го избегне Мидлтон, а потоа толку силно да ја забие топката што Адетокумбо, кој трчаше во намера да го изблокира Хрватот, го собори на паркетот. НБА е шоу, па не би било целосно ако Хезоња не му упати доминантен поглед на Јанис додека лежи на паркетот, за потоа да го понижи така што го прескокна! Своевремено тоа го правеше неповторливиот Ален Ајверсон, а Хезоња за овој потег доби аплауз од цел „Медисон Сквер Гарден“.

Сепак, тој потег на Хезоња сериозно го налути Адетокумбо, кој неполна минута подоцна имаше ситуација за силно забивање што ја искористи. Беше јасно дека сакаше пред него да се најде Хезоња, а не некој друг. Подоцна Адетокумбо додаде уште неколку сочни пцовки и се виде колку му требаше да го исфрли тој бес од себе. Хезоња, паметно, во последен момент одлучи да не го блокира асот на Милвоки, туку акцијата ја одгледа од страна. Да останеше, којзнае што ќе се случеше, бидејќи Јанис по натпреварот дури и му се закани на Хезоња:

Следен пат кога ќе ми го направи тоа, ќе го удрам“, одговори Јанис на едно новинарско прашање, за тоа колку му сметало што Хезоња го прескокнал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално „шут-карта“ за Олимпијакос од грчкото првенство

Работнички подобар од МЗТ, познати двојките за полуфиналето

Дончиќ ја предводи најдобрата руки петорка во НБА лигата

ВИДЕО: Ново финале за Голден Стејт – Кари повторно главен диригент

(ВИДЕО) Комендија во Грција: Ваков циркус нема ни во селска лига

Ефес е добар, ЦСКА е најдобра!

(ВИДЕО) Перо Антиќ каков што ретко го имате видено

(ВИДЕО) „Воините“ никогаш не се предаваат, добија загубен натпревар

Работнички со порака по назначувањето на Антиќ за претседател на КФМ