(ВИДЕО) Хет-трик на Меси, ама со асистенции!

Лионел Меси се уште е на само еден гол во француското првенство, но денеска уште еднаш покажа зошто е најдобар фудбалер на сите времиња.

ПСЖ како гостин го совлада Сент Етјен со 3-1, а аргентинскиот ас не постигна ниеден од трите гола на својот тим. Затоа, асистираше за сите три погодока од кои два постигна Маркињос, а еден Ди Марија.

Домаќините први поведоа преку Буага во 25. минута, но пред полувремето останаа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Колоџејџак. Лидерот на табелата го искористи тоа, веднаш израмни, а во второто полувреме постигна уште два гола за убедлива победа. Единствена лоша работа од овој натпревар за ПСЖ е повредата на Нејмар која на прв поглед не изгледа добро и најверојатно Бразилецот ќе мора повторно да паузира.

Со неа ПСЖ отиде на +14 во однос на второпласираната Ница иако Рен има шанса да остане на 12 бода негатива ако денеска го победи Лориен.