(ВИДЕО) Херта експлодираше, четири гола за 26 минути

Херта блеска под водство на Бруно Лабадија. Екипата од Берлин по блескавото второ полувреме против Хофенхајм (0:3) одигра уште едно против градскиот ривал Унион, па се чини дека е на добар пат да ги надмине грижите околу опстанок во елитата. Херта сите голови ги постигна за 26 минути на почетокот од второто полуврмее и така се проби на одличното 10. место на табелата од Бундеслигата со победа од 4:0.

Херој на домаќините беше Ведад Ибишевиќ, кој го постигна првиот погодок и намести уште два, кога мрежата на Унион ја погодуваа Доди Лукебакио и Матеус Куња. Конечниот резултат на мечот го постави Дедрик Бојата во 77 минута.

Кога ќе се подвлече линија Унион во текот на целиот натпревар не се закани посериозно кон голот на Херта, па Урс Фишер по вториот пораз во низа по продолжението на првенството има доста причини за грижа, без оглед што на спротивната страна се наоѓаа одлични противници. Унион ќе се обиде да ја промени сликата веќе во среда, кога на свој терен ќе го дочека Мајнц.

Херта истиот ден оди во Лапциг, каде ќе има сериозна проверка за реалната сила во моментов. Во случај да направи ново изненадување составот на Бруно Лабадија ќе стане повеќе од сериозен кандидат за пласман во еврокуповите следната сезона.