(ВИДЕО) Хаос во Монца: Болидот на Ферстапен преку оној на Хамилтон, двајцата надвор од трката

Двајцата ривали за титулата во Формула 1 оваа сезона беа актери на големиот инцидент на трката во Монца.

Судирот се случи во 26. круг кога Ферстапен сакаше да го тргне Луис Хамилтон од својата траекторија, но двајцата завршија надвор од патеката со тоа што болидот на Холанѓанецот се најде врз оној на неговиот ривлал. Се чини дека Ферстапен беше виновник за судирот бидејќи беше премногу агресивен.

Тука заврши трката за двајцата возачи кои на оваа трка нема да освојат ниеден бод. Ферстапен останува со пет бода предност пред својот единствен ривал за титулата.