Иако го совлада Порто на синоќешниот меч, очигледно е дека многу работи оваа сезона не чинат во тимот на Интер.
Пред извесен период во конфликт беа Лукаку и Барела, а синоќа голманот Андре Онана тргна да се тепа со Един Џеко, незадоволен од некој негов потег. Камерите го фатија како урла на Босанецот и оди кон него, па Хакан Чалханоглу мораше да му става рака на уста во обид да го смири.
tag team match:
Onana & Lukaku vs Dzeko & Barella pic.twitter.com/lwTKHgVH3C— $eñor PæP (@peppismo) February 22, 2023
И Џеко не остана мирен во таа ситуација, мавташе со рацете и викаше по многу помладиот Камерунец да не му се обраќа на таков начин, ама малку недостасуваше да дојде до ескалација.