ВИДЕО: Халеп имаше очаен сет, а потоа тренерот ја дотолчи: Што правиш? Ова е срамота!

Во тенисот е дозволен таканаречен „коучинг“ или дозвола за влез на тренерот на еден тенисер на терен, со цел да му укаже каде греши.

Тоа се случи со романската тенисерка Симоне Халеп, која загуби прв сет со нула, потоа вториот го доби, а третиот неможеше да го следи високото темпо кое го наметна Каролина Плешкова.

Но дали пошокантен беше настапот на Халеп во првиот сет или „коучингот“ и зборовите кои тренерот и ги упати на Халеп непосредно пред вториот сет.

„Погледни ме, последните три гема ги одигра срамно, неможеш да го добиеш натпреварот вака. Мора да го вратиш фокусот, се загуби на терен“, рече Дарен Кејхил, тренерот на Халеп.