(ВИДЕО) Халанд облече опрема на премиерлигашот, па делеше автограми

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, уште еднаш се поврзува со напуштање на германскиот гигант ова лето.

Одличниот 21-годишен напаѓач е мета на лондонски Челси, кој наводно е подготвен да издвои дури 175 милиони евра за неговите услуги.

Сепак, засега нема конкретни промени во потенцијалниот трансфер и сигурно е дека Халанд ќе го носи дресот на Борусија и во новата сезона.

Халанд надвор од теренот исто така знае како да привлече внимание, а овојпат делеше автограми во опремата на друг клуб.

Додека ги извршуваше своите „обврски“ кон навивачите, Халанд ги носеше шорцевите на тимот на Лидс Јунајтед и веднаш започнаа шеги на социјалните мрежи дека е ново засилување.

Не е изненадување што норвешкиот фудбалер носи опрема на Лидс бидејќи е роден во овој англиски град. Неговиот татко Алф Инге го носеше дресот на тимот од Еланд Роуд и очигледно е дека Халанд се уште има љубов кон Лидс Јунајтед.