(ВИДЕО) Хабиб брутално со глава претепува противник

Непоразенииот УФЦ-шампион Хабиб Нумагомедов без дилеми е еден од најдобрите борци кои се појавил

Чудесниот Дагестанец од април 2018 година ја држи титулата во лесна категорија, а која ја бранеше против Конор Мекгрегор и Дастин Пореиро.

Нова одбрана на титулата му следи на 18. април против Тони Фергусон, а во овој меч ќе се обиде да дојде до 29. победа во кариера.

Во досегашните 28 меча беше поприлично доминантен. Ретко кој можеше да му парира, а од почетокот на кариерата едноставно Хабиб ги уништува ривалите.

Тоа покажува и видеото од една од борбите на почетокот на кариерата. Ударите со глава тогаш беа дозволени во Русија, а Хабиб тоа максимално го користел.