Манчестер Сити успеа со минимална победа вечерва на „Етихад“ пр отив тимот на Брајтон, да впише нови бодови и да напредува на табелата до 3 позиција.
Решавачки момент на средбата беше во 44 минута, кога младиот Фил Фоден постигна гол за домашната екипа, што беше всушност и конечен исход на натпреварот.
Победата на „граѓаните“ вечерва можеше да биде и поубедлива, но Рахим Стерлинг во судиското надополнување во 92 минута промашува пенал, но сепак бодовите завршија на контото на Сити.
Со оваа победа, Манчестер Сити е третопласиран на табелата, но има и натпревар помалку, кој доколку го добие, ќе избие на 2-та позиција, со само бод заостанување зад градскиот ривал Манчестер Јунајтед.