(ВИДЕО) Голманот на Еурофарм Работник ја има една од најдобрите одбрани на колото

Еурофарм Пелистер одигра 25:25 во првиот натпревар на домашен терен од новоформираното натпреварување на ЕХФ Лига на Европа против Кадетен Шафхаузен, а на голот на битолската екипа одличен беше поранешниот репрезентативец Благојче Трајкоски.

Тој имаше неколку одлични интервенции, но неговата одбрана при противнападот на швајцарската екипа преку Фримел, беше навистина феноменална, по што ЕХФ заслужено ја вброи меѓу петте најдобри на колото.