(ВИДЕО) Голман направи катастрофална грешка, реакцијата на детенцето зад голот е непроценлива

Најголемата грешка во досегашниот дел од кариерата Давид Раја ја направи денеска за време на мечот меѓу Хал Сити и Брентфорд во Чемпионшип.

Се играше 29. коло кога еден од играчите на Хал Сити испрати долга топка, играчите на Брентфорд ја спуштија топката кон Раја кој направи неверојатен пропуст.

Во намера да ја прими топката, таа му помина под нозете на Раја и заврши во голот. Залудно Шпанецот се обидуваше да ја стигне топката, а на крајот и тој заврши со нејзе во мрежата.

Реакцијата на детенцето зад голот кое е задолжено за топките кога го виде голот е непроценлива.

Инаку оваа кардинална грешка на Раја не се одрази на конечниот резултат. Брентфорд славеше со 5:1 и продолжи со одличните игри кои го држат во плеј-оф зоната за пласман во Премиер лигата.