(ВИДЕО) Голман ја претепа сопругата, па таа се снимаше и го објави видеото

Голманот на Сао Паоло, Жао Пауло Фернандес синоќа бил уапсен и завршил зад решетки во Орландо (Флорида) поради обвинување дека ја претепал својата сопруга Милена Бемфика.

Фернандес е втор голман на Сао Паоло, а полицијата го уапсила откако неговата сопруга објави неколку видео снимки на социјалните мрежи со уништено лице и јасно порача дека ја претепал нејзиниот 24-годишен сопруг.

„Луѓе, во Орландо сум и погледнете што ми направи токму сега Фернандес. Некој да ми помогне? Тој ме удари сега. Сакам правда, сакам правда. Затворена сум во тоалетот“ викаше Милена.

Експресно реагираше и клубот Сао Паоло

„Во скоро 90 години од постоењето, Сао Паоло создаде принципи на однесување врз црсти начела и без исклучоци. Фудбалерот мора да биде пример за општеството и да биде свесен што претставува, а за вакви работи имаме – нулта толеранција“, рекоа од Сао Паоло.