(ВИДЕО) Големото дете Буфон – и на 43 години е главен шоумен во соблекувалната на Парма

Џанлуиџи Буфон се уште не планира да ја заврши кариерата, а на 43-годишна возраст се врати во клубот каде почна да игра на професионално ниво.

Парма е второлигаш, но го има можеби најпознатиот италијански голман на сите времиња. Џиџи апсолуно се забавува во поранешниот гигант на италијанскиот и европскиот фудбал и ужива во периодот во Парма.

Тоа најдобро се гледа од атмосферата во соблекувалната каде игра со своите далеку помлади соиграчи.