ВИДЕО: Големи емоции – фановите со овации го пречекаа Михајловиќ на терен

Болоња вечерва гостува кај Верона, но тоа не го спречи големиот господин Синиша Михајловиќ да се појави и да ја води својата екипа.

Веројатно со дозвола на лекарскиот тим, Синиша Михајловиќ вечерва е на терен, ја води својата Болоња на гостувањето кај Верона.

Навивачите тоа го испратија со овации, а по изразот на лицето, сигурно и на Синиша Михајловиќ не му беше сеедно, имаше емоции и во него.