(ВИДЕО) Голема трагедија на релито Дакар: Прегазиле Италијанец, тој загинал, но дури подоцна дознале…

Трагична вест доаѓа од релито Дакар. Имено, при едно од возењата на камионите, едно лице загина.

Станува збор за италијански навивач кој дошол да ја следи трката, а на крајот го загубил животот.

Утрово се е потврдено, а се огласи и самиот Алеш Лопраис кој е одговорен за се. Водечкиот возач во генералниот пласман ја објави тажната вест.

„Секогаш ќе ме следи ова. Навистина ми е жал“, изјави Лопраиз.

Се беше во ред, но потоа се случи несреќа. Сакаше да се фотографира, а подоцна почина во болница, имаше срцев удар, извинете… Ништо не може да го врати човечкиот живот. Беше голем љубител на релито, имаше 69 години. Јас сум индиректно одговорен за неговата смрт“, додаде Лопраиз.

Се појави и видео од самиот инцидент кое излгеда навистина страшно.