(ВИДЕО) Голем пожар на Мото ГП патеката во Аргентина

Пожар избувна на патеката Термас де Рио Ондо во Аргентина и штетите се огромни.

Се верува дека пожарот избувнал во ВИП-ложите, а пожарот набргу се проширил на кабините за коментатори и претставници на седмата сила.

Според аргентинските медиуми, пожарот зафатил и дел од музејот на патеката именувана по легендарниот возач на Формула 1 „Хуан Мануел Фанџо“.

Засега не е позната причината за пожарот, а пожарникарите се борат да го изгаснат што е можно побрзо. Првите проценки се дека штетата е огромна. Единствената добра вест е што досега немало жртви во пожарот.