ВИДЕО: Голем инцидент по завршување на мечот Лион – Лајпциг, Депај „откачи“ поради банерот

Голем инцидент се случи по самото завршување на мечот Лион – Лајпциг (2:2), со овој резултат и двете екипи си ги потврдија првите две позиции и се патници во нокаут фазата.

Но очигледно дека има незадоволни навивачи меѓу домашните, па по мечот иницираа страшен инцидент, во кој на големо се вмеша и Мемфис Депај, кој на крајот мораа физички да го тргнат од местото на инцидентот.

Навивачот на Лион кој влета на терен, носеше банер на кој пишуваше Марсело, магаре, напушти го клубот, и тогаш се случи инцидентот.