(ВИДЕО) Голем хорор – бомбаш самоубиец се разнесе со бомба на стадион и уби 19 навивачи

Бомбаш самоубиец се разнесе на трибините на стадион во Авганистан по што најмалку 19 лица загинаа како последица на експлозијата.

Трагедијата се случила на крикет натпревар во рамки на натпреварувањет Т20, кој се одржал на Меѓународниот крикет стадион во Кабул во петокот попладне, а експлозијата се случила околу 16:30 часот.

Локалните власти посочуваат дека во експлозијата се повредени четири лица и дека никој не загинал, меѓутоа, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во својот твит навел дека во терористичкиот напад загинале најмалку 19 цивили.