(ВИДЕО) Голем ден за македонскиот фудбал: Уште еден наш играч дебитираше во Серија А

На долгата низа Македонци кои играле во најсилната италијанска фудбалска лига, од вечерва им се приклучи и Елиф Елмас.

Репрезентативецот одигра 20-тина минути во голедата во Фиренца каде Наполи ја победи Фиорентина со 4-3. Два гол постигна Инсиње, по еден Мертенс и Каљехон, додека за домашната екипа погодија Пулгар, Миленковиќ и Боатенг.

Елмас немаше многу време и можност да покаже што знае, но во следниот период се очекува да стане стандарден првотимец.