(ВИДЕО) Ѓоковиќ во транс за „својата“ Звезда!

Откако во петокот присуствуваше на натпреварот меѓу Партизан и Олимпијакос, вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва ѝ се врати на старата љубов – Црвена Звезда.

Таму е како свој на своето, седи во првиот ред од партерот и најдобро може да ја почувствува атмосферата и играта на теренот. Постојано ја бодрепе Црвена Звезда, а кога беше јасно дека белградскиот тим ќе дојде до победата, Ѓоковиќ стана и се приклучи на навивањето.

Ова е веројатно последен кошаркарски натпревар на кој српскиот тениски ас можеше да присуствува оваа сезона бидејќи од 8 април се враќа на тениските терени, со учеството на Мастерсот во Монте Карло.