ВИДЕО: Ѓоковиќ и ќеркичката Тара разнежнија милиони срца ширум планетата

Откако го освои турнирот во Торино, Новак Ѓоковиќ се појави во прес-салата кај новинарите со заслужениот трофеј, а таму го чекаше и неговата голема поддршка, ќерката Тара.

Нејзината слатка реакција ги освои сите присутни во зоната кај новинарите, а потоа и социјалните мрежи.

Новак Ѓоковиќ на овој турнир вложи многу напори со цел да го освои и тоа му појде од рака, а како да ја темпира и формата за претстојниот Австралија Опен во јануари идната година.