ВИДЕО: Ѓоковиќ го спаси невозможното против Медведев, па следуваа овации

По голема борба, Новак Ѓоковиќ го доби Данил Медведев со 6:1, 5:7, 6:4 и ја однесе селекцијата на Србија во финалето.

Ѓоковиќ искрено, се намачи на денешната средба, имаше нервоза, кршеше рекети, но во еден од последните поени, изведе вистинска мајсторија а можеби и поен на годината, иако е се уште на почеток.

При брејк шанса за Медведев на 5:4 за Ѓоковиќ, рускиот тенисер во одлична размена на удари, го надмудри Ѓоковиќ на мрежа, но тенисерот од нашето соседство успеа со неверојатен потег да ја префрли топката на противничката страна и да направи ривалот да не може да му ја врати.

На таквиот потег следуваа неверојатни овации од присутните.