(ВИДЕО) Ѓоковиќ дивееше во борбата за бронза – кршеше рекети, урлаше и пцуеше

По шокантниот пораз од Зверев во полуфиналето, Новак Ѓоковиќ ја загуби шансата за олимписко злато, единствениот важен трофеј кој му недостасува во кариерата. Денес остана и без бронзата. Во драматичниот меч за бронзениот медл поразен е од Шпанецот Пабло Карењо-Буста за 6:4, 6:7, 6:3.

Во моментите кога Шпанецот во третиот сет освои брејк, Ѓоковиќ тотално полуде.

Урлаше, пцуеше и го слушаше целиот стадион, најпрво го фрли рекетот на трибините, а потоа го искрши удирајќи по столбот кој ја држи мрежата.